Вчера во главниот град на Ерменија, Ереван одекнала експлозија, чија причина се уште не е позната. Пет лица загинаа како последица на немилиот инцидент, соопшти Министерството за вонредни состојби на земјата.
Жртвите се еден маж и четири жени, прецизира Министерството во соопштението, нагласувајќи дека потрагата и спасувањето траела цела ноќ.
Според Министерството, повеќе од 60 лица се повредени во експлозијата, а 19 се сметаат за исчезнати.
Главното обвинителство во понеделникот во текот на ноќта соопшти дека отвора истрага за „повреда на правилата за складирање на запаливи производи и кршење на правилата за заштита од пожари“, што довела до смрт на неколку лица поради „негрижа“.
Засега не е позната причината за експлозијата, која се случи во областа околу големопродажниот пазар Сурмалу. Тоа место традиционално привлекува голем број луѓе во недела. Дел од медиумите, повикувајќи се на сведоци, објавија дека експлозијата се случила на местото каде што се чуваат пиротехнички средства.
Експлозијата предизвика уривање на зграда.