Силна експлозија во магацин во Велика Британија, има и жртви (видео)

од Nikola Popovski

Во силна експлозија што се случила во еден магацин во близина на Бристол во Велика Британија, има неколку жртви, објавија службите за итни случаи.

Службата за противпожарна и спасувачка служба објавила дека повикот за експлозијата го примила во 11:22 часот по локално време и дека веднаш отишла на местото каде полицијата и брзата помош бргу ѝ се придружиле, пренесува АП.

Засега не е позната причината за експлозијата.

Би-Би-Си објави изјава на сведок, кој посочил дека слушнал „многу силна експлозија“, која ги потресла зградите, а друг истакнал дека десетина амбулантни возила веднаш пристигнале на лице место.

Службата за противпожарна и спасувачка служба објави дека има повеќе жртви, но дека не може да каже точно колку.

Слични содржини