Силна експлозија во центарот на Доњецк (ФОТО)

од Nikola Popovski
343 прегледи

Силна експлозија одекнала во центарот на Доњецк, недалеку од зградата на Владата, јавува репортерот на „RT“ од местото на настанот.

Експлозијата одекнала на само десетина метри од зградата на Владата, додека околните згради не се оштетени.

Огнот се уште гори на местото на експлозијата.

Засега нема информации дали има повредени или загинати во експлозијата.

Лидерот на самопрогласената Луганска народна република во источна Украина, контролирана од сепаратистите, најави и евакуација на цивили.

-Со цел да се спречат цивилни жртви, тој ги повикува жителите на републиката… да заминат во Руската Федерација што е можно поскоро, се вели во соопштението на Леонид Пашечник.

Неговиот потег уследи откако лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, најави евакуација од Донбас во источна Украина што го држат бунтовниците.

Агенцијата Интерфакс јави дека евакуацијата на населението со автобуси ќе започне во 20 часот по локално време. Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека нема информации за ситуацијата во Донбас по најавената евакуација.

Слични содржини