Силна песочна бура го зафати Блискиот исток (видео)

од Nikola Popovski
349 прегледи

Силна песочна бура ги погоди земјите од Заливот, вклучително и Катар и Саудиска Арабија, јавуваат азиските медиуми.

Во петокот вечерта, регионот бил неочекувано погоден од топлина, што не е карактеристично за овој период од годината, а потоа започнал да дува силен ветер. Тојподигнал облак од песок и прашина што ја намалил видливоста на неколку метри. Прашина и песок ги покриле зградите и возилата и влегле во куќите.

Песочната бура донела студен бран. Во главниот град на Катар, Доха, температурата паднала на 16 степени.

Заради временските услови, викендов е намалена активноста на цивилната и воената авијација. Според извор на Спутник, летовите кон Саудиска Арабија се откажани поради песочната бура.

Слични содржини