Силни експлозии одекнаа во Харков и Николаев

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Рано утринава се слушнале експлозии во Харков и Николаев, објавија градоначалниците на тие украински градови Игор Терехов и Олександар Сенкевиц.

Терехов изјавил дека руските сили нападнале три области на Харков, пренесува „Униан“.

„Погодена е една станбена зграда, според првичните информации нема жртви. Зафатена е и инфраструктурна зграда. Таму избувнал пожар“, изјави Терехов.

Слични содржини