Силни експлозии во Лвов: „Погодени се трафостаници, нема струја во градот“

од Nikola Popovski
280 прегледи

Доаѓаат повеќе информации за експлозиите во градот Лавов во западна Украина. Во дел од градот снема струја по рускиот воздушен напад, објави на Телеграм градоначалникот на Лвов, Андриј Садови, а пренесува Би-би-си.

– Во ракетниот удар се оштетени две трафостаници – во делот на градот нема струја – напиша тој.

Возовите застанаа на влезот во Лвов, а руската армија ги гранатираше железничките трафостаници, предизвикувајќи доцнења, се вели во соопштението на Украинските железници.

„Поради непријателското гранатирање на железничките трафостаници, голем број возови ќе сообраќаат со задоцнување“, се вели во соопштението, во кое се бара луѓето да не ги напуштаат засолништата за време на воздушните напади.

Фото: Piero Cruciatti / ddp USA / Profimedia

Слични содржини