Силно невреме го парализираше Милано, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Милано и неговата околина утрово околу четири часот ги зафати силно невреме со силен дожд, град и удари на ветер со брзина од над 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.

Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија во понеделникот.

Ноќниот дожд во Милано беше краток, но многу интензивен, а прогнозите укажуваат на можност за повеќе врнежи.

„Невремето нанесе сериозна штета и на нашата електрична мрежа“, соопшти миланската транспортна компанија ATM.

Голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот, а имало и неколку повици до Противпожарната бригада, но рано е да се процени штетата, наведува италијанската агенција.

Сосема спротивна е ситуацијата во останатиот дел од Италија, каде допрва треба да доминира африканскиот антициклон, поради што во некои централно-јужни области се уште се бележат високи температури кои во текот на денот ќе достигнат од 45 до 48 степени во Сицилија и во Пуља.

Слични содржини