СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ГЕРМАНИЈА: Ветрот го однел покривот на операта во Штутгарт

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Силно невреме, проследено со обилни дождови и грмотевици, ги погоди јужните и западните делови на Германија во понеделникот вечерта и создаде големи проблеми.

Во Баварија беа поплавени неколку села, вклучувајќи го и Моемлинген близу Франкфурт, каде што нема подрум што не е поплавен, а улиците се покриени со кал. Пожарникарите цела ноќ испумпуваа вода од зградите.

Во Штутгарт силниот ветер скрши неколку статуи и однесе дел од покривот од зградата на операта.

Според директорот на операта Виктор Шонер, делови од сцената биле исто така поплавени, а водата влегла во електричните инсталации. За време на невремето, околу 250 лица биле во операта на претстава, но никој не бил повреден.

Пожарникарите интервенирале повеќе од 300 пати во текот на ноќта во Штутгарт, а железничкиот сообраќај бил во прекин со часови. Дежурните екипи отстранувале дрвја од патиштата во текот на целата ноќ.

Поради обилниот дожд имаше бројни сообраќајни несреќи, најмалку седум беа евидентирани на автопатите. Не е познато колку лица се повредени во тие несреќи.

Слични содржини