Силно зголемена продажбата на автомобили во ЕУ

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Продажбата на автомобили во Европската унија (ЕУ) силно се зголеми во мај, десетти месец по ред, објави Здружението на производители на автомобили (ACEA).

„Во мај, речиси еден милион нови автомобили се регистрирани во 26 земји на ЕУ, без Малта, 18,5 отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година“, соопшти ACEA. Во април, продажбата скокна за 17,2 отсто, пренесе „Мина“.

Така, европскиот пазар забележа раст во мај десетти месец по ред, предводен од скок на водечките пазари предводени од Италија, каде што продажбата се зголеми за речиси една четвртина.

Во Германија и Франција е зголемен за 19,2 отсто, односно 14,8 отсто. Најскромен раст забележа Шпанија, 8,3 отсто.

„Во периодот од јануари до мај, пазарот на патнички автомобили во ЕУ порасна за 18 отсто во споредба со истиот период минатата година, со регистрирани 4,4 милиони возила“, открива ACEA.

Иако пазарот закрепна, резултатот е сè уште за 23 проценти понизок отколку во првите пет месеци од предпандемијата 2019 година, кога беа регистрирани 5,7 милиони нови автомобили.

Во групата водечки пазари, продажбата во првите пет месеци од годинава најмногу пораснала во Шпанија и Италија, 26,9 отсто, односно 26,1 отсто.

Двоцифрени стапки на раст се забележани и во Франција и Германија од 16,3 отсто, односно 10,2 отсто.

Слични содржини