СВР Охрид информира дека 39-годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга.
По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, на 04.04.2022 полициски службеници од Полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т.(39) од Шпанија во хотел во Струга. Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана, по претходен договор со Ш.С.(29) од с.Радолишта, струшко, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи.
На 04.04.2022 околу 21.30 часот во Полициската станица Струга бил приведен Ш.С. и со него бил извршен службен разговор. Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.