Откако минатата година му беше дијагностицирана афазија, тешка невролошка болест, актерот Брус Вилис речиси и не се појавува во јавноста, а папараците само неколку пати го фотографираа со сопругата Ема.
Неговиот колега и долгогодишен пријател Силвестер Сталоне сега им објасни на странските медиуми дека на Брус му е навистина тешко.
„Брус минува низ навистина тежок период. Тој речиси воопшто не комуницира. Тој факт ме убива. Толку е тажно“, рече Сталоне, истакнувајќи дека неговото семејство исто така се соочува со многу предизвици.
Брус Вилис боледува од афазија, која влијае на неговата способност да слуша и зборува и најави дека се повлекува од актерството и бизнисот. Најчеста причина за афазија е мозочниот удар, но може да се појави и по повреда на главата или удар.