Силвестер Сталоне се пофали со УБАВИТЕ ЌЕРКИ: „Би сакал да престанат да…“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
493 прегледи

Познатиот актер Силвестер Сталоне (75) сподели фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која позира со ќерките Систин (23), Софија (24) и Скарлет (19).

– Јас сум многу среќен човек кој има толку прекрасни деца полни со љубов кои ми донесоа толку многу радост. Сега би сакал да престанат да растат толку високо! – напишал на шега актерот во описот на објавата на својот Инстаграм профил.

Имајќи предвид дека ќерките на Силвестер се вистински убавици, комплиментите за нивниот изглед не изостанаа, а семејната фотографија има скоро милион лајкови на Инстаграм.

Холивудскиот актер и неговата сопруга Џенифер (52) се во брак од 1997 година и имаат три ќерки кои привлекуваат внимание со својот изглед, а се многу популарни на социјалните мрежи.

 

Слични содржини