Силвестер Сталоне се разведува по 25 години брак

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на Силвестер Сталоне, Џенифер Флавин, поднесе барање за развод по 25 години брак, пишува Page Six.

Гласините за нивната разделба започнаа откако актерот ја преправи истетовираната слика од неговата сопруга на неговото рамо и над неа го истетовира своето куче, кое се појави со него во филмовите за Роки.

Гласините дополнително ги подгреа тоа што Џенифер повеќе не го следи својот сопруг на Инстаграм, а потоа претставниците на медиумите на актерот остро ги демантираа овие тврдења.

„Тој сакаше да ја освежи тетоважата со ликот на неговата сопруга, но се беше направено лошо, а штетата беше непоправлива. Затоа реши да ја покрие со слика на кучето. Господин Сталоне го сака своето семејство и моментално снимаат реално шоу заедно кое наскоро ќе има премиера“, изјави неговиот тим за странските медиуми.

Минатата недела Џенифер објави и фотографија со нејзините и ќерките на Сталоне и описот уште еднаш ги започна гласините дека нешто не е во ред меѓу неа и нејзиниот сопруг.

„Овие девојки ми се приоритет. Ништо друго не е важно. Ние четири засекогаш“, напиша таа без да го спомене својот сопруг.

Слични содржини