Интересни и необични ситуации кои се случуваат за време на снимањата на филмовите се чести, но во глобала и непознати.

Прочитајте неколку интересни детали од снимањето на познатите холивудски остварувања и како актерите се однесуваат кога ќе дојдат до одредена ситуација, односно компликации на снимањето.

Forrest Gump, 1994.

Том Хенкс потпишал договор во кој се одрекол од хонорарот но во случај филмот да стане успешен, тој добива процент од профитот на остварената продажба на влезници во кино. Имено, овој ризик и тоа како му се исплати со оглед на тоа дека филмот заработи 677 милиони долари од продажбата на влезници.
Откако завршило прикажувањето на филмот, на сметката на Том Хенкс се нашле 40 милиони долари.

Interstellar, 2014.

Кристофер Нолан за потребите на снимањето посади 500 ари пченка. По завршувањето на снимањето, ја продал пченката по одлична цена, па така заработи добра сума на пари.

Roki IV, 1985.

Познатиот Роки, односно Силвестер Сталоне, инсистирал на реални сцени во боксот во четвртиот дел од сагата за Роки Балбоа. Тој побарал од колегата актер, Долф Лундгрен, да го удри најсилно што може. По ударот во стомак, завршил на интезивна нега.

Dallas Buyers Club, 2013.

Иако имале исклучително мал буџет, однеле Оскар за најдобра шминка. Имено, буџетот за снимање на филмот Dallas Buyers Club изнесувал 5 милиони долари, само 250 долари биле одобрени за шминка на актерите.

Gone Girl, 2014.

Снимањето на овој филм било прекинато на четири дена бидејќи Бен Афлек одбил да носи качкет со симболот на безбол тимот Њујорк Јенкис. Тој е голем фан на бостонскиот тим Ред Сокс, бидејќи живее во тој град, па така по никоја цена не сакал да понесе обележја на спротивниот тим.

The Devil Wears Prada, 2006.

На снимањето на филмот Мерил Стрип ѝ се обратила на младата колешка, Ен Хетавеј со зборовите:

– Мислам дека си совршена за оваа улога. Толку сум среќна што ќе работиме заедно. Ова е поскедната убава работа која ќе ти ја кажам до крајот на снимањето.

Charlie and the Chocolate Factory, 2005.

Компанијата Нестле за потребите на снимањето на овој филм обезбедила 1.850 чоколади, се разбира вистински.

The Wolf od Wall Street, 2013.

Актерите Леонардо ди Каприо и Џон Хил, за потребите на сцената во која требало да шмркаат кокаин, употребиле витамин Б. Џон не реагирал добро на внесот на овој витамин, па бил хоспитализиран.

The Godfather. 1972.

Познатата мачка, која се нашла во скутот на Марлон Брандо не била во филмското сценарио. Станува збор за улична мачка која режисерот Френсис Копола ја нашол на снимањето. Одлуката била донесен во последен момент и така оваа мачка станала дел од историјата.

Слични содржини