Симеоне: Зошто сме слаби како гостин? Затоа што тренерот не го подготвува добро тимот

од Vladimir Zorba

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше разочарувањето од ремито против Алмерија (2:2) и се посочи себеси како главен виновник за лошите резултати на тимот на гостински терен од почетокот на сезоната.

„Направивме се што е можно за да победиме. Имавме шанси, но не ни одеше. Секогаш мора да играме со 100% од нашите способности. Почнавме добро, но пропуштивме неколку шанси по раниот гол. Не бевме доволно цврсти во одбраната и двапати си дозволивме израмнување. Ми се допадна енергијата во нашата игра, но денеска не беше доволно“, прокоментира Симеоне.

„Зошто има толку голема разлика во нашите резултати дома и гости? Затоа што тренерот не го подготвува добро тимот за гостувања. Немам друго објаснување. Загубивме многу бодови на гостински терен и одговорноста е моја“, истакна Аргентинецот.

Атлетико заостанува 10 бода зад лидерот во Ла Лига, Реал Мадрид и има само три победи од последните 13 гостувања.

Слични содржини