Главната уредничка на RT и на медиумската група „Русија севодња“, Маргарита Симонјан, го нарече терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва монструозна операција што нејзините налогодавци се обиделе да ја изведат под „лажно знаме“, прогласувајќи ја како сторител една од меѓународните терористички организации.
Таа во емисијата „Вечер со Владимир Соловјов“ на ТВ каналот „Русија 1“ претстави верзија за организаторите, нарачателите и за извршителите на терористичкиот напад во трговскиот центар, прецизирајќи дека нема инсајдерски информации, туку дека ова е „едноставна споредба на фактите и логично извлекување заклучоци“.
„Апсолутно очигледно е дека е измислена монструозна, сурова, незамислива операција под ‘лажно знаме’. За сторители се намерно избрани луѓе кои би можеле да бидат припадници на Исламска држава и во таа приказна можеби и би можело да се поверува ако тие самите (западните институции и медиуми) не ја лансираа лажната приказна на толку глупав начин,“ вели Симонјан.
Таа посочува дека приказната можеби ќе била поуверлива да не ја пласирале „американските разузнавачки служби, сите пропагандни публикации на кои тие разузнавачки служби не само што им даваат информации, туку и им кажуваат што да пишуваат, а што не.“
Според Симонјан, ИД е избрана токму затоа што извршила многу терористички напади низ светот, а не е поврзана со Украина.
„А тие однапред знаеја дека демек станува збор за Исламска држава зашто беше потребно светското мислење да не гледа кон Украина. Во овој миг светските медиуми го шира уверувањето дека Киев не е вмешан во терористичкиот напад и на тоа се фокусирани сите изрази на сочувство од западните лидери. Ова не е ИД. Ова се тие самите, не постои никаков сомнеж,“ заклучува Симонјан.