Симоновски: Според анализата набавената противпожарна скала одговара на потребите на градот

од Andreja Salpe

Командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, денеска изјави дека купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Купена е по наша препорака и врз основа на направена анализа,

Во изјава за медиумите тој нагласи дека направени се испитувања на теренот и на потребите на градот и оти според анализата, оваа скала е најсоодветна за градот.

– Оваа противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема. Секогаш дополнителната опрема се доплаќа дополнително и затоа е разликата во сумите за набавка меѓу скопската и загребската скала. Со оваа дополнителна опрема што ја купивме, можеме да кажеме дека граѓаните од Скопје кои живеат над петтиот кат, ќе бидат безбедни, нагласи Симоновски.

Скалата е набавена на меѓународен тендер на кој се јавила само унгарската компанија „Хороскоп“ и се очекува да пристигне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец. Самиот производител е должен да обучи осум пожарникари и лица кои ќе ракуваат со опремата бидејќи станува збор за специфична повеќенаменска опрема. Самата корпа на скалата има дополнителна носилка за повредени и дополнителна ПП опрема. Во однос на возилата, Симоновски посочи дека нивната просечна старост е околу 35 години и постапката за набавка на нови возила е почната уште во 2019 година, но Бирото за управна контрола при јавни набавки не ја одобрила набавката на три нови возила. Последен пат ново противпожарно возило од Градот е набавено во 2011 година.

Слични содржини