На средбата на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, било разговарано за прецизирањето на условите за користењето на базите на податоци кои се во надлежност на МВР, а се неопходни за претстојниот попис.
Тие на средбата ја потврдиле и досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за стастистика кое се врши редовно на квартално ниво.
„Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека, како и досега, е комплетно подготвено да одговори на сите потреби, сега и со зголемен интензитет, со цел успешно спроведување на најавениот попис на населението“, посочија од МВР.