Во своето интервју за РСЕ, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потенцираше дека секогаш ќе има незадоволни страни, без оглед на тоа каков попис ќе се направи. Но, вели, не го интересира тоа што многумина нема да ги бендисуваат резултатите од пописот.
Симовски потенцира дека мораме да го спроведеме овој попис и она што е до нас ќе го направиме, да течат подготовките и она што е врзано со нашата активност си одат подготовките без никаков проблем соодветно на програмата, на тајмингот којшто ние сме си го поставиле како институција, и тука до сега немаме никаков проблем.
Исто така, директорот на ДЗС вели дека ингеренција на МВР и вели дека се поставува прашањето дали некои ќе бидат повластени да не остават отисок, а некои дискриминирани да оставаат.
На прашањето како пописот ќе се одвива во услови на пандемија, Симовски вели дека стравува многу, но дека се надева дека трендот што го имаме во моментов ќе успее да се задржи.