Симулациска вежба за спречување на чума кај мали преживари

од Марта Пешевска
18 прегледи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на ООН (FAO) од денес до 27 март ќе спроведе симулациска вежба за справување со евентуална појава на чума кај мали преживари.

Главната цел на вежбата е да се тестира реакцијата на институциите и да се идентификуваат потенцијалните предизвици во случај на појава на оваа опасна болест.

Настанот ќе вклучи учество на експерти од АХВ, Ветеринарната комора на Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, како и претставници од Европската унија и Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци „Модерен овчар“.

Вежбата ќе се одвива во два дела: Теоретско-практична обука на 25 и 27 март на Факултетот за земјоделски науки и храна; Теренска симулација на 26 март во селото Брњарци, општина Гази Баба.

По завршувањето на активностите, ќе следи анализа на подготвеноста на институциите и ќе се преземат мерки за подобрување на нивната реакција во случаи на епидемии кај животните.

АХВ нагласува дека ова е само вежба и нема реална појава на болеста во земјава. Граѓаните и одгледувачите на добиток не треба да се загрижуваат, бидејќи активностите се исклучиво во рамките на предвидениот тренинг за справување со заразни болести.

Слични содржини