330
Синди Крафорд го оживеа својот статус на супермодел, облекувајќи тексас шорцеви и бела маица повторно речиси 30 години подоцна, повторно создавајќија култната реклама на Пепси од 1992 година.
Поранешната неприкосновена кралица на модните писти сподели фотографии на Инстаграм, за кои никогаш нема да се каже дека има 55 години.
Позирајќи покрај црвениот автомобил, Синди повторно зеде лименка „Пепси“ во рацете и покажа зошто е еден од најуспешните модели во историјата.
Фотографиите се направени како дел од хуманитарен настан за детската болница во Медисон, Висконсин, каде нејзиниот брат се лекуваше од леукемија.