Синдикатите најавуваат штрајк – владата ја одложи средбата

од Берта Китинска
189 прегледи

Сојузот на синдикатите (ССМ) соопшти дека средбата со Владата што требаше да се одржи денеска е одложена за 31 јануари 2022.

Како што најавува ССМ, во петок ќе бидат свикани сите тела на Сојузот за да се активираат штрајкувачките одбори.

– На разочарување на работниците, средба помеѓу Владата и ССМ закажана за денеска се одлага за 31.01.2022 година по барање на Владата. ССМ после презентацијата на Студијата за минималната плата и нејзините ефекти врз работењето на фирмите изготвена од еминентни професори, во четврток продолжува со активностите и уште одма во петок ќе го свика претседателството на ССМ, Советот на ССМ и регионалните синдикални претставништва и канцеларии со една цел – да се активираат штрајкувачките одбори и да се запазат постапките за штрајк како и утврдување дата за подготовки за штрајк – информира ССМ.

Слични содржини