Синдикатот на новинарите и медиумските работници (ССНМ) забрзано работи на подготвока на колективниот договор  за новинарската работа  во Македонија.   Се сондираат мислења искуства и препораки , отворено се дебатира за суштината на работата на новинарите репортери,  фоторепортерите, камермани и сниматели, дописници и претстојат уште многу средби  од  техничките работници до уредниците, се со цел  изготвување на нацрт верзијата, која ќе придонесе за  подобрување на работничките права и услови во еснафот,  а со тоа и респектабилност на професијата, велат од ССНМ.

медиуми

Излагање  на оваа тема , на дебатата „Работните услови на новинарите во Македонија“ во ЕУ инфо центарот , имаше и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија, Тамара Чаусидис, која зборуваше токму за работните услови за новинарите од перспектива на Синдикатот.
Освен констатирање на состојбите , како главно нешто  беше најавата дека се подготвуца нацрт-верзија на колективен договор за новинарската работа во Македонија, со која, преку препораки и совети на колегите од медиумите, ќе се регулираат сите проблематични аспекти на седмата сила во Македонија, како што се висината на најниската плата, подобрување на условите за работа во медиумите, истакнување на слабите точки во комуникацијата меѓу менаџментите на медиумите и вработените во нив.

став не страв

Ќе бидат  опфатени  сите сегменти на медиумскиот производ сите проофесии, кои се запоставуваат при барањето на правата, како што се техниќкиот кадар од режија , скопџии,  фоторепортерите, снимателите, камерманите, монтажерите, уредниците, водителите…
Нацрт-предлогот за колективниот договор се очекува да биде подготвен наскоро, а потоа да се предаде на сите медиуми, кои ќе даваат свои предлози врз основа на нацртот, а потоа и отпочнување  на преговори, од кои ќе произлезе финална верзија, за која би се договориле сите засегнати страни. Очекуваме велат од ССНМ дека токму тоа загарантраните услови, дефинирани позиции, потребни услови за работа ќе го подигне професионализмот во медиумите, и ќе го подигне нивото на професијата.

Во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, вчера се одржа тркалезната маса, под наслов „Работните услови на новинарите во Македонија“, на која беше претставено истражувањето на Македонски институт за медиуми (МИМ) „Вработувањето и работните услови на новинарите“, од асистентот-истражувач во МИМ, Славчо Миленковски, и од Весна Никодиноска, раководителка на програми во МИМ.

 

Слични содржини