Синдикатот на полицијата: Време е за одговорност поради неработењето на одделот на човечки ресурси при БЈБ

347 прегледи

ХАОС во Одделот за управување со човечки ресурси во БЈБ, време е за одговорност

Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ до сите организациски единици во БЈБ испрати писмо (во прилог) во кое се вели дека во врска со изготвените решенија за бонус плата за 2017 година за работници за кои истите не требало да бидат изготвени поради поведени судски постапки по поведена тужба или започната постапка за медијација а врз основа на кои решенија веќе е исплатена бонус платата се бара вработените да го вратат дадениот износ и да го уплатат на сметката на Министерството.

И повторно се бара раководителите до овој оддел да достават список со број на работници кои треба да ги вратат исплатените пари.

Тука ќе ги поставиме прашањата :

-Освен што сте ЕКСПЕРТИ за водење на незаконски постапки при процедура за распоредување, дали за се друго владее ХАОС во Одделот?

-Зошто досега Одделот не водел вакви евиденции за покренати судски спорови?

Ова покажува и докажува дека никогаш до сега Министерството не водело евиденција по овој основ односно никој во Министерството не водел сметка и евиденција додека МВР односно наведениот Оддел свесно и со умисла го водел Министерството во колапс со губење на тужбите за бонус плата често терајќи ја постапката до крај пред Апелационите судови а со тоа свесно и со, намера се одело на правење на се поголема штета на буџетот на МВР.

Таквата пракса веќе ќе стане минато, време е за ваквото недомаќинско работење некој да сноси кривична одговорност. Во наредниот период Синдикат на Полиција во Македонија до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе соодветни кривични пријави за ваквите злоупотреби.

Слични содржини