Хилари Болдвин, сопругата на актерот Алек Болдвин, на својот Инстаграм профил сподели детали од драмата низ која поминала.
Имено, нејзиниот и синот на Алек имале силна алергиска реакција, поради што тој завршил во болница, а Хилари изјавила дека во тој хаос брзо реагирала и на детето му дала ЕпиПен, што многу му помогнало.
„Никогаш не морав да го применам сама. Беше застрашувачко искуство. Сега е добро и е дома, но ова го споделувам со вас за да ве потсетам дека ова е средство за спасување кое можете да го чувате дома“, напиша Хилари.
„Тој беше во таква неволја и верувам дека тоа го спаси. Ако вашиот лекар мисли дека треба да го чувате дома, погрижете се однапред да знаете како да го користите, бидејќи овие реакции можат да дојдат толку силно и брзо“, додаде таа.