Синот на Бора Тодоровиќ откри како станал актер: „Не сакаше да бидам „бараба“

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Срѓан Жика Тодоровиќ (56), син на српската актерска легенда Бора Тодоровиќ, во последно време е често активен на социјалните мрежи, каде објавува фотографии од својата младост, а на последната објава им раскажа на фановите како станал актер.

– Кога бев во војска, Бора дојде во посета, ми донесе текст и ми рече: „Имаш една недела да го научиш текстот и ќе дојдеш во Белград да полагаш приемен испит на академијата. На крајот на краиштата, ако не положиш, ќе имаш една недела одмор“. Знам дека не беше воодушевен од идејата да биде тапанар, „бараба“ како што рече. Така станав актер, а за другото не знам“, напиша Тодоровиќ.

Да потсетиме, Жика беше тапанар во познатата рок-група Екатерина Велика, а од раните деведесетти години тој глумеше во голем број филмски хитови како „Ние не сме ангели“, „Црна мачка, бела мачор“, „Мртов ладен“, „Српски филм“ итн.