Синот на Бритни Спирс откри семејни тајни преку лајв-стрим: Дедо ми може слободно да умре

од Elena Daskalova
307 прегледи

Синот на Бритни Спирс и Кевин Федерлајн, Џејден, кој има 13 години, неодамна на социјалните мрежи во живо се обрати на публиката, откривајќи семејни тајни.

Помладиот син на Бритни открил дека мајка му сака да се откаже од музиката, а го нарекол својот дедо Џејми „голем серко“ и дека може слободно да умре. Бритни пак, неколку часа потоа објави секси фотки од одморот со своето ново момче.

Некој од следбениците кои го следеле преносот го прашале дали мајка му гледа што прави на социјалните мрежи, на што Џејден одговорил дека не знае и не го интересира.

Од друга страна, за својот татко изјавил дека е најдобар на светот: „Тој е буквално Исус“, кажал Џејден. Поранешниот сопруг на Бритни успева да се справи со тинејџерите како вистински родител, но Бритни се однесува сосема незаинтересирано.

Меѓу другото, Џејден на преносот кажал: „Ќе ви откријам тајни за мајка ми ако ме заследувате повеќе луѓе.“

Многумина се запрашаа дали Бритни воопшто го гледала преносот, но се чини дека одговорот е не, бидејќи таа постојано објавува фотографии со новото момче.

Слични содржини