359
Објавен е првиот трејлер за филмот „The Many Saints of Newark“ – приказна за почетоците на Тони Сопрано. Главната улога во филмот ја игра Мајкл Гандолфини, синот на покојниот Џејмс Гандолфини, кој се прослави исто како Тони Сопрано во познатата ТВ серија „Сопранови“
Снимен под диригентската палка на креаторите на „Сопранови“, новиот филм следи бурен период во Њу Џерси, кога ривалските банди започнаа да го тресат тронот на моќното мафијашко семејство Димео.
Покрај младиот Гандолфини, во филмот играат и Алесандро Нивола, Лесли Одом Џуниор, Џон Бернтал, Кори Стол, Реј Лиота и Вера Фармига.
„The Many Saints of Newark“ излегува во кината во октомври, а истовремено ќе биде достапен и на „HBO Max“.