281
Англискиот музичар и текстописец Џулијан Ленон, син на легендарниот член на Битлси, Џон Ленон, објави нов сингл „Lucky Ones“.
Песната „Lucky Ones“ ќе се најде на албумот „Jude“ кој треба да излезе на 9 септември.
Како што се наведува во описот на песната, „со забрзано темпо“ таа се обидува да ја долови „способноста на Ленон да дише“, потсетувајќи нè дека сите имаме „среќа“.
Исто така, ова е петта песна од претстојниот албум, покрај песните „Every Little Moment“, „Fredom“, „Breathe“ и „Save Me“.
За потсетување, Џулијан на почетокот на оваа година ја преработи познатата песна на неговиот татко „Imagine“ со цел да им помогне на жителите на Украина.