Синот на Гадафи се кандидира за претседател на Либија

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Саиф ал Ислам, синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Либија, кои ќе се одржат на 24 декември, јавува Анадолија.

Шефот на Канцеларијата за медиуми при Високата изборна комисија на Либија, Калид ал Менаи, за Анадолија потврди дека Гадафи официјално се пријавил да се кандидира на претседателските избори во градот Себха.

Гадафи, кој лично ја поднесе својата кандидатура, се појави во јавноста за прв пат по падот на режимот на неговиот татко во 2011 година.

Гадафи го бара Меѓународниот кривичен суд (МКС) за злосторства против човештвото. Либиското воено обвинителство издаде и налог за негово апсење под обвинение за „убиство“ и „користење платеници“.

Слични содржини