Адам Кадиров (16), син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е назначен за набљудувач во новиот стрелачки вод кој е дел од силите на руското министерство за одбрана, пишува „Ројтерс“.
Информацијата ја потврди висок чеченски функционер, а 16-годишникот неодамна можеше да се види на видеата објавени на социјалните мрежи како удира со тупаници и клоци затвореник обвинет за палење на Куранот.
Неговиот татко Рамзан Кадиров се „пофали“ со видеото, тврдејќи дека се гордее со својот син и дека го почитува бидејќи стекнал „достоинство и ја бранел својата религија“.
Адам Делимханов, кој го предводи чеченскиот огранок на Руската национална гарда и исто така е член на рускиот парламент, во вторникот изјави дека младиот Кадиров бил назначен за набљудувач на стрелачкиот вод.
„Ова назначување е природен резултат на значајната служба на Адам во одржувањето на верските, семејните и културните вредности на нашиот народ“, рече Делимканов, кој се смета за втор највисок функционер во Чеченија по Кадиров.
Според руските државни медиуми, претходно овој месец беше формиран чеченски стрелачки одред, кој сега е дел од силите на руското министерство за одбрана.