Популарната Кајли Џенер роди момче, но иако поминаа 7 месеци, името на момчето не е познато.
Имено, иако првобитното име на момчето беше Вулф, Тревис и Кајли брзо се предомислиле. Гордата мајка откри дека името на момчето сè уште е законски Вулф, но таа сака да го промени тоа.
„Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни падне на памет кога ќе го видиме. Но, тоа не се случи“, рекла Кајли и додала дека го нарекла Вулф кога морала да го потпише изводот на родени бидејќи „чувствувала притисок“.
„Го нарековме Вулф и веднаш откако го потпишав изводот, си помислив: Што направив?“, рече таа и откри дека Тревис постојано се премислувал за името.
„Тревис веќе неколку пати му го менуваше името. Му се допаѓа, а потоа следниот ден сака да го промени. Јас реков: Не можеме вака повеќе“, навела таа и се пошегувала дека сега чекаат „малиот да порасне и самиот да си даде име“.