Синот на Николас Кејџ уапсен поради напад на мајка си, татко му наводно платил кауција

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен во средата во Лос Анџелес, пишува The Sun.

„Можам да потврдам дека Вестон Кејџ Копола беше уапсен денеска поради напад со смртоносно оружје“, изјави портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.

Вестон излегол од затвор со кауција од 150.000 долари, која, според британските медиуми, наводно ја платил неговиот татко.

Станува збор за инцидентот кој се случи на 28 април, по што неговата мајка Кристина Фултон беше снимена со модринки на лицето. Како што објаснил извор за „The Sun“, нападот се случил по „криза на менталното здравје“. Полицијата тврди дека Вестон имал вербална расправија со мајката пред наводниот физички напад, по што останала покриена со модринки.

Актерката зборуваше за инцидентот уште во мај и негираше дека тоа се случило по нивната расправија.

„Отсекогаш му помагав на мојот син во неговите борби со менталното здравје. Правам се што можам за да му ја дадам постојаната поддршка што му е потребна“, рече тогаш таа.

Инаку, 33-годишниот Вестон во минатото се лекуваше поради проблеми со менталното здравје, а беше хоспитализиран на психијатриско лекување во 2011 година по насилен инцидент во Лос Анџелес.

Слични содржини