Мариус Борг Хоиби, 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е уапсен под сомнение за силување.
Тој е осомничен дека го прекршил законот кој се однесува на „сексуален однос со лице кое било во несвест или од други причини не можело да се спротивстави на делото“, се вели во соопштението од полицијата, пренесува „Гардијан“.
„Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата наводно не можела да се спротистави на сексуалниот чин“, велат од полицијата.
Борг Хоиби беше приведен на 4 ноември, откако посвоениот син на идниот крал беше обвинет дека ја нападнал својата 20-годишна девојка во нејзиниот дом и и се заканил дека ќе и ја запали облеката. Тој помина 30 часа во притвор и се соочува со една година затвор, а неговата девојка е хоспитализирана со потрес на мозокот.
Норвешките медиуми јавуваат дека полицијата во тој момент пронашла заглавен нож во еден од ѕидовите на женската спална соба. Тој во септември годинава повторно беше фатен поради наводно прекршување на забраната за приближување.
Во моментот на апсењето, Борг Хоиби бил во автомобил со наводната жртва на тој скандал, поточно неговата девојка.
Во изјавата што претходно ја даде за медиумите преку неговиот адвокат, тој рече дека страда од неколку ментални нарушувања и злоупотреба на супстанции.
„Се случи нешто што не требаше да се случи. Извршив физичка повреда и уништување на предмети во станот во алкохолизирана состојба по расправија и консумирање кокаин. Имам неколку психички нарушувања, долго време се борам со злоупотреба на дрога, за што бев третиран во минатото“, се вели во изјавата.
„Употребата на дрога и мојата дијагноза не го оправдуваат тоа што се случи. Сакам да одговарам за тоа што го направив, и искрено ќе објаснам на полицијата. Најважно ми е да и се извинам на мојата девојка. Таа не заслужи што се случи таа вечер, ниту екстремниот притисок од норвешките и странските медиуми после тоа“, додава тој.
Да потсетиме, Мариус е син на Мета-Марит од првиот брак, а неговиот очув е идниот крал на Норвешка, принцот Хакон. Принцот Свере Магнус и принцезата Ингрид Александра се негови брат и сестра.