Синот на Самарџиќ починал кога имал само три месеци, пејачот првпат проговори за тоа

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Пејачот Жељко Самарџиќ (67) го загубил синот во 80-тите години, кога тој бил сè уште бебе. Со сопругата Маја добил син по раѓањето на нивната прва ќерка Сања, а бебето починало само неколку месеци по раѓањето. Поточно, после три месеци.

Самарџиќ сите овие години не сакаше да зборува за трагедијата, а сега првпат проговори за тоа за српски „Блиц“.

„Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја сами ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку години би имал да останеше жив, но тоа е животот“, изјави пејачот за синот Златко.

„Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме тие церемонии“, рече Жељко.

Инаку, Жељко и Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко ѝ, талентирана за музика. Првиот албум го објави пред седум години, но не доживеа никаков успех, па нејзиниот татко сакал да ѝ помогне да се пробие на сцената, но Миња ја одбила неговата помош и му се посветила на семејството.

Слични содржини