Драмата во семејството Шумахер доби ново продолжение! Откако Ралф Шумахер јавно призна дека е геј, почна медиумска пресметка меѓу членовите на семејството!
Поранешната сопруга Кора Бринкман го нападна поранешниот возач на Формула 1, но и нивниот син Дејвид, кој го добија во 14-годишниотбрак.
„Се чувствувам како да ме користеле за време на бракот. Дали беше искрен со мене? Дали ме сакаше? Кога се тркаше, се зборуваше многу, но тој секогаш одбиваше да ми одговори на прашањата. Мојот син Дејвид? Немам порака, нема адреса, нема поим каде е тој сега. Каков човек треба да си за да и направиш такво нешто на мајка ти?“ напиша Кора.
Таа не го чекаше долго одговорот на нејзиниот син Дејвид, кој пак и упати низа сериозни обвинувања.
„Кога моите родители се разведоа во 2015 година, таа ми се закани дека ако не останам да живеам со неа, ќе го уништи мојот животен сон да станам тркач, бидејќи за тоа ќе треба нејзин потпис на некои документи“, рече Дејвид, откривајќи дека еднаш морал да повика полиција бидејќи неговата мајка физички го нападнала поранешниот возач на Формула 1 и немилосрдно го тепала.
„Бидејќи страдаше од психички проблеми и не беше во вистинска состојба да се грижи за мене, јас повеќе не сакав да бидам во нејзина близина. Еден ден таа сакаше да ме раздели од татко ми против моја волја, а расправијата прерасна во тепачка и моравме да повикаме полиција бидејќи безмилосно го тепаше“.
После тоа, Бринкман јавно објави дека се повлекува од социјалните мрежи.
„Поради пораките на омраза кои се зголемија по изјавата на мојот син, во моментов се повлекувам од социјалните мрежи и ја заклучив опцијата да коментирам на објави. Нападите се неподносливи“, рече Бринкман, додавајќи дека добивала ужасни пораки, во кои и се заканувале со смрт.