Синот на Трамп го нарече Леброн „кучка“

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Доналд Трамп Џуниор го нарече Леброн Џејмс „кучка“ и „ЛаКарен“ откако кошаркарот инсистираше да бидат избркани две лица од неодамнешен натпревар во НБА, бидејќи наводно извикувале грди коментари за неговите деца.

Синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред два дена сподели видео на својот Инстаграм профил на кое се гледа како 36-годишниот кошаркар бара од обезбедувањето да отстрани две лица кои седеа пред теренот на натпревар на Лос Анџелес Лејкерс, откако наводно му биле навредувани децата.

„Има ли поголема кучка во професионалниот спорт“, напиша Трамп Џуниор покрај видеото.

„ЛаКарен сака да разговара со менаџерот“, продолжи тој во друг коментар, а потоа додаде: „ЛаФлоп Џејмс“.

Набргу по објавувањето, имаше остри реакции од фановите на Леброн Џејмс, кои на Инстаграм и Твитер презентираа настани од минатото на таткото и синот Трамп, за да се обидат да ги докажат своите ставови.

„Некој треба да му каже на Дон Џуниор дека тоа што не можеш да признаеш дека си ги изгубил изборите со повеќе од 7 милиони гласови значи дека си најголемата кучка во политиката“, напиша еден корисник на Твитер, мислејќи на големата лага на Доналд Постариот за резултатите на претседателски избори 2020 година.

Друг напиша: „Леброн Џејмс има постигнато повеќе до завршувањето на средното училиште отколку што Дон Џуниор постигнал во целиот свој живот“.

„Се прашувам дали Дон Џуниор сака да го нарече Леброн кучка во лице“, праша еден корисник на Твитер.

Слични содржини