Синот на Трамп не смее да им го даде бројот на мобилниот телефон на колегите: Еве како ги замолил да се допишуваат

од Milan1
127 прегледи

Барон Трамп, синот на Доналд Трамп, не смее да им го даде бројот на својот мобилен телефон на колегите од колеџ од безбедносни причини, па затоа комуницира со нив на друг начин.

Тој студира на Бизнис школата „Стерн“ при Универзитетот во Њујорк од минатата година. Агентите на Тајната служба се со него во секое време. Претходно ги замолил колегите да се допишуваат преку „Discord“, а сега се во контакт преку гејмерската конзола „Xbox“.

„Тоа е неговата омилена комуникациска платформа“, изјави извор за „Page Six“.

„TMZ“ претходно објави дека Барон „едвај постои“ на кампусот. Бидејќи е опкружен со агенти на Тајната служба, многу му е тешко да стекне пријатели.

Претседателот на Соединетите Американски Држави неодамна го пофали користењето на технологијата од страна на својот син и насмеа многумина.

„Го исклучувам неговиот лаптоп и по пет минути се враќам и гледам дека го вклучил повторно. Го прашав: „Како го направи тоа?“, на што тој одговори: „Не се мешај, тато“, рече тој.

Слични содржини