Сирени одекнуваат во Доњецк: Звукот ја замрзнува крвта во вените (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
438 прегледи

Набргу откако лидерите на Народна Република Доњецк (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР) наредија евакуација на цивилното население поради страв дека украинската армија ќе изврши инвазија, сирените одекнаа низ Доњецк.

Сирените постојано се слушаат во градот чии улици се празни.

Локалните власти се уште не излегле со соопштение зошто биле вклучени сирените. Сирените во Доњецк горе-долу редовно се објавуваат (на секои два до три месеци). Меѓутоа, по правило, властите на самопрогласената република однапред го предупредувале населението, што овојпат не беше случај.

Да потсетиме, лидерот на ДНР Денис Пушилин денеска ги повика граѓаните на самопрогласената република итно да заминат за Русија. Тој рече дека украинскиот претседател Владимир Зеленски планира наскоро да нареди напад врз регионот на Донбас и, како што рече Пушилин, започнала масовна евакуација на населението во Русија.

Пушилин додаде дека Украина го зголемила бројот на војници и оружје долж линијата на конфликтот.

 

Слични содржини