СИРЕНИТЕ го означија полицискиот час: Граѓаните ќе бидат на отстрел ако мрднат (ВИДЕО)

од Берта Китинска
710 прегледи

Во најголемиот град на Казахстан, Алмати (поранешна Алма Ата) во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените.

Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелирале до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости. Како што јави Спутник, во Казахстан, истрели се слушаат во предградието на Алмати, а станува збор, како што се наведува, за продолжување на „антитерористичката операција“ што беше покрената синоќа. Министерството за внатрешни работи на Казахстан не ги потврди наводите за тепачките во предградијата на најголемиот град во Казахстан. Спутник наведува и дека борбите се водат на сообраќајниот автопат Алмата-Бишкек веќе неколку часа во близина на градот Раџимбек.

Агенцијата известува и дека аеродромот во Алмати е затворен до понатамошно известување, иако претходно денеска беше најавено дека ќе биде отворен на 10 јануари. Ситуацијата во Казахстан синоќа се нормализира по неколкудневните немири кои прераснаа во крвави судири со полицијата.

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, претходно во своето обраќање до нацијата рече дека издал наредба да се отвори оган врз терористите без предупредување.

Протестите во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау поради скокот на цените на горивото, за подоцна да се рашират во повеќе градови, вклучувајќи ја и Алма-Ата, и прераснаа во масовни немири и грабежи. Демонстрантите упаднаа во неколку згради на државни институции, меѓу кои и претседателската резиденција.

Слични содржини