Сирија бара запирање на секој политички процес со Израел поради насилството во Газа

од Nikola Popovski
232 прегледи

Сирискиот претседател Башар Ал Асад денеска изјави дека секој политички процес со Израел треба да се запре со оглед на насилството во Газа.

Асад ова го изјави на вонредниот заеднички исламско-арапски самит за Газа, кој се одржува во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, пренесе Ројтерс.

Саудиска Арабија им даде благослов на соседите од Персискиот залив Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да воспостават односи со Израел во 2020 година за време на претходната американска администрација на Доналд Трамп, потсетува агенцијата.

Слични содржини