Во Сирија Кремљ го брани не само режимот на Асад, туку најмногу принципот на апсолутниот суверенитет – правото на владите да прават што сакаат со граѓаните. Ова го тврди во својот коментар Константин Егер.
Сум бил во сириското пристаниште Тартус. Ова е типичен медитерански град, малку тромав, но многу мил. Со плажа и шеталиште. Тамошната поморска база на советскиата, а подоцна и на руската флота, постои од почетокот на 1970-те години. Дури и во екот на Студената војна основа не играло посебна улога во противостоенето меѓу СССР и САД. Присуството на советската морнарица во Средоземното Море, дури и во својот врв на неговата моќ, не можеше да се споредува со степенот на Шестата американска флота, лоцирана во регионот.
Денес градот Тартус е во сите водечки вести. Причината за ова се информациите (засега неофицијални) дека Русија го проширува своето воено присуство во Сирија. Министерството за надворешни работи и претседателската администрација не го потврдуваат тоа официјално, но даваат дознаење дека Русија испратила во Сирија свои војници и офицери и е подготвена да се бори за режимот на Асад. А тоа дека преку Босфорот Русија превезува воена техника на откриени палуби, покажува дека Москва не го крие овој факт. Дотолку повеќе што во случај на релативно стабилизирање на ситуацијата во Сирија Русија има шанса да го прошири своето воено присуство во земјата. Причините за тоа треба да ги бараме во настаните од последните години.
Денес Дамаск, утре Москва
Кремљ е загрижен од “Арапската пролет” и претежно од соборувањето на режимот на Моамер Гадафи во Либија, како и големата промена во Блискиот Исток, зад која стои Вашингтон. Соборувањето на либискиот полковник се совпадна со протестите во Москва. И руското раководство одлучи дека треба активно да се спротистави на овој тренд.
За Владимир Путин Сирија е важна не само како воен сојузник и купувач на продукцијата на рускиот военнопромишлен комплекс, туку и како симболична последна позиција против американската политика. Во Сирија Кремљ го брани не само Асад, но и принципот за суверенитетот во класична форма од почетокот на 20 век – како право на владите да прават што сакаат со своите граѓани.
Уште од времето на распадот на поранешна Југославија и балканските војни од 90-тите години Москва се однесува скептично кон новите принципи во меѓународното право, на пример за обезбедување на заштита. Овој принцип предвидува дека суверенитетот не е само привилегија, туку и обврска на државата да ги заштити своите граѓани и да не употребува насилство против нив. Руското раководство отсекогаш верувало во овој принцип како алатка на Западот и пред сè на САД за соборување на непријатни политички режими. Ако денес е Дамаск, тогаш утре на ред може да е Москва – на тој страв се покорува политиката на Кремљ спрема Сирија и воопшто во Блискиот Исток.
Лични сметки со Обама
Целата стратегија на Москва е изградена врз основа на противењето на Вашингтон. Тешко скриениот презир на Владимир Путин кон Обама се манифестира тука со полна сила. Додека Обама стави се на судбината својот сојузник – поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, одтогаш гледаме како рускиот лидер херојски дго брани Башар Асад. Додека Обама не се решава да ја прошири воената операција против “Исламска држава” (ИД), тогаш Путин праќа маринци и тешка опрема, за да ја гази сириската опозиција, вклучувајќи и ИД.
“останува да побарате, Русија ќе помогне во борбата против радикалните исламисти. Но вие си молчите! Значи, Американце не го сакате тоа!” – Така звучи пораката на Путин кон Америка, а индиректно и кон Арапите, Иранците и Израелците.
Вашингтон разочара, Москва фасцинира
Во позадината на апстиненцијата на Белата куќа, необремет од парламентарена, медиумска и граѓанска контрола, Путин цели да ги импресионира земјите од регионот. Во последните години, многу од нив се разочараа од политиката на Белата куќа. Со брзото зближување со Египет, кој формално останува главен сојузник на САД, како и со Иран, Русија се обидува да заземе ослободувачки позиции од Американците .
Во Кремљ сметаат дека колку се посилни овие нови позиции, толку се посилни аргументи ќе има Русија спрема САД. Толку често и американскиот претседател – сегашниот или идниот – ќе зборува за потребата од поддршката на Русија за иранското, сириското или израелско-палестинското прашање. А тоа го подига рејтингот на Путин дома и му дава можност да се пазари со Вашингтон – било да е тоа по повод на Украина или за поништување на санкциите.
Логично можеме да претпоставиме дека учеството на руски војници во сириската граѓанска војна ја зголемува опасноста од исламистички терор во самата Русија, како и против нејзини објекти и граѓани во странство. Очигледно во Кремљ сметаат дека овој ризик е помал во споредба со потенцијалните стратешки интереси. Друг проблем ќе се случи ако, не дај боже, во Сирија загинат руски војници. Од гледна точка на обичните руски граѓани, Сирија не е Украина, каде што “мора да бидат заштитени Русите”, туку Авганистан од 1980-те години. Таа е една далечна земја, во која на крајот “нема што да бараме”. Затоа едвај маринците од Севастопол ќе учествуваат масовно во борбите во Сирија. Можеби само во краен случај, засега.
Константин Егер е руски новинар и политички набљудувач на радиостаница “Коммерсант FM”
