843
Руското раководство и одреди рок на армијата да го заземе Часов Јар во Доњецк, на истокот на Украина, пред 9 мај, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски.
Тој на Фејсбук изјави дека руската армија ги концентрира напорите да ја пробие украинската одбрана западно од Бахмут, да влезе на каналот Северски Доњецк-Донбас, да ја окупира населбата Часов Јар и да создаде услови за понатамошно напредување кон Краматорск во Доњецк.
Сирски истакна дека во правец на Часово Јар е интензивирано опремувањето на украинските војници со муниција, беспилотни летала и опрема за електронско војување.