Сите актерски потфати на Северина (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Пејачката Северина Којиќ е еден од актерите во хит видеото „ХЕЈТ Словени, дали сте живи?“, што го режираше Предраг Личина во рамките на кампањата против говорот на омраза. Во споменатото видео таа игра благајник во супермаркет, а нејзини колеги на снимањето беа актерите Христина Поповиќ и Горан Богдан. Сепак, ова не е единствениот пат кога ја гледаме Северина надвор од рамката во која сме навикнати, односно на сцената со микрофон.

Северина никогаш не криеше дека актерството е друга уметност во која е за заљубена, а освен што нејзините концерти се своевиден уметнички перформанс во кој покрај пеење и глума, таа имаше улоги и во неколку филмски и сериски продукции.

Последен во серијата е добро познатото видео „ХЕЈТ Словени“, а друг проект во кој пејачката соработуваше со режисерот Предраг Личина е филмот „Последниот Србин во Хрватска“, од 2019 година, каде Северина имаше епизодна улога на Франческа Гамбини де ла Норте.

Во 2012/13 година, Севе играше и во хумористичната серија „Над липом 35“, каде што се играше самата.

Во филмот „Духови на Сараево“ од 2007 година, во режија на Дејан Радониќ, Севе ја игра Оља, една од главните улоги.

„Rooster’s Breakfast“ е филм во кој регионалната sвезда се играше себеси. Ова достигнување во словенечката продукција е исто така од 2007 година, а го режираше словенечкиот режисер Марко Наберник.

Во ТВ серијата „Вечерно училиште: Враќање на запишаните“, од 2005 година, таа ја имаше улогата на Цвија во епизодата „Одмазда на црната вдовица“.

Нејзината прва улога беше во 2004 година, каде се појави во краткиот филм „Каде исчезна Словенија“.

Слични содржини