Поради влошената епидемиолошка ситација најголемите болници во Загреб стануваат ковид-центри. Ова е последица на растот на бројот на заразени со кроона вирус. Вчера беа забележани 4.571 новозаразени, со 1.207 хоспитализирани и 153 пациенти на респиратор. Денеска има 4.154 новозаразени, пренесува Индекс.
Тоа првенствено значи отворање нови капацитети за ковид-пациенти и тоа во КБ „Дубрава“, КБЦ „Загреб3 и КБС „Сестри милосрдници“. Зголемување на капацитетот на болниците мора во потполност да се реализира најдоцна до понеделник.
Постигнат е договор за зголемување на изолациските капацитети во сите болници, а предложено е и отворање на капацитети за ковид-пациенти во „Меркур“ и „Светиот дух“.
Договорен е и диспечер во загрепската итна служба кој 24 часа ќе ги надгледува сместувачките центри. Договорено е болниците задолжително да ја пријавуваат состојбата во 5, 14, 19 и 24 часот.