Сите брендови на оне.Вип стануваат Вип

од Vladimir Zorba
61 прегледи

 

По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата од денеска брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Vip. По тој повод почнува кампања „Заедно е подобро“.zaedno222

Сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели од денеска стануваат Вип корисници.

Оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015 година, каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55 отсто и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45 отсто. Со присоединувањето, пак, на Близу Македонија, затворено на 3 мај 2016 година, го заокружува спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Во моментот оне.Вип ги нуди своите продукти и услуги под брендовите Вип, ОНЕ, Близу и BoomTV