Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика сите членови на историската комисија да си поднесат оставки.
-Шокиран сум од веста дека професорот Ѓорѓиев си поднел оставка. Ние имаме јасна Декларација во Парламентот и очекувам да се држат до Резолуцијата што ја усвои македонскиот Парламент. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна и апелирам до членовите на историската комисија за трезвеност, патриотски чувства, затоа што ова се чувствителни моменти за македонскиот народ и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат, изјави Мицкоски.
Ова следува откако денеска едниот член, професорот Ванчо Ѓорѓиев се повлече од функцијата. Според него, „имало притисок и мешање на висок функционер на МНР во работата на Комисијата“.