Кога ќе помислиме на некои од најпознатите јадења во светот, секогаш претпоставуваме дека се стари со векови. Од друга страна, некои се многу „помлади“ отколку што мислиме.
Во најновата листа објавена од Taste Atlas, наведени се култни јадења заедно со годините во кои настанале, па како најстари ги имаме мексиканските начос од 1943 година, потоа италијанската карбонара од 1944 година, а на трето место е германскиот колбас currywurst кој настанал во 1949 година, пишува City Magazine.
Шопска салата
Меѓу јадењата кои се многу популарни во регионот, на високото 6-то место се најде и познатата шопска салата која настанала во Бугарија во 1955 година.
Како настанала оваа позната салата?
Малкумина знаат дека една од најпопуларните салати на Балканот е всушност производ на бугарското државно туристичко здружение Balkantourist, кое во 1955 година имало задача да направи неколку јадења за промовирање на локалниот туризам. За жал, до денес останал само еден рецепт: легендарната шопска салата, именувана по бугарскиот регион Шоплук.