Сите кои ќе згрешиле ќе мора да одговараат, рече Меџити за Груби

од Nikola Popovski
65 прегледи

Слушнав и јас, но се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогонот – МВР во соработка со Обвинителството и судството да се занимаваат со случајот, кажа првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити запрашан како го коментира начинот на кој Артан Груби замина од државата. Тој исто така доби прашање дали знае каде се наоѓа екс-функционерот и дали разговарал со неговите колеги од Косово и Албанија – земји кои што се посочуваат како можни моментални места каде што е екс-вицепремиерот.

Според зборовите на Меџити, пораката е дека никој не е над законот и сите кои згрешиле ќе одговараат, односно за кои што има докази дека сториле кривични дела.

-Денес или утре, тоа ќе биде, истакна првиот вицепремиер.

Слични содржини