П1: Ваш коментар за Актор? Во Грција е покрената истрага…
Oвој предмет СДСМ го отвори во јавноста. До ден денеска нема одговор од Јавното обвинителство. Имавме прилика, преку еден медиум со национална концесија, да слушнеме што се случува околу овој предмет. Едно е јасно, oва е само еден дел од криминалите на Никола Груевски и неговата злосторничка дружина. Претпоставувате дека на толку докази во наши раце имаме докази и ова да го разобличиме до крај. Се надевам дека Јавното обвинителство коeшто долго молчи, ќе го превземе чекорот пред да ги објавиме доказите коишто конечно ќе потврдат инволвираност на Јавното обвинителство, ако не постапи по предметот. Се надеваме, и јас, и опозицијата, и граѓаните, дека ќе го обелоденат криминалот направен со Актор токму тие што ја водат истрагата, Јавното обвинителство на Република Македонија.
П2: Која опција е прифатлива за опозицијата да се врати во Собранието. Прва опција, да се врати опозицијата во Собранието доколку се постави интерпелација на цела Влада, вклучително и премиерот, на дневен ред во Собранието. Или втората опција, да се разреши сегашниот јавен обвинител и опозицијата да даде свој кандидат кој ќе биде усвоен. Која од овие две опции е прифатлива за опозицијата?
Ниту една од двете опции не е прифатлива.
П3: Господине Заев слушнавме значи и денеска, од овие, досега 13 бомби, само двајца или тројца актери од албанските партии во овие бомби. А нема сериозност како што слушаме за актерите од власта. Дали мислите набргу навистина да се дадат конкретни факти, ако има, и за албанските актер? Затоа што сепак некако постои во јавноста, тоа, дека ги штитите. И на конгресот на Зијадин Села се даваа примероци како може да се излезе од оваа ситуација, дали пример странски амбасадори да формираат Влада со конкретни точки да се излезе од кризата. Како коментирате?
Ќе бидам краток по основ на првиот дел од прашањето. Неколку пати повторивме, сè што постои кај нас а покажува криминал, незаконско дејствие или неетичко однесување на штета на државата ќе го обелодениме. Гледате внимателно го водиме целиот овој процес. Не од причина дали тоа некого ќе надразниме, лошо ќе реагира или слично. Вистината нема цена. Проблемот е подготовка на народот за се што следува. Заради тоа, согласно нашите планови и сценарија, сè ќе дојде на свое место и ќе биде обелоденето за граѓаните. Притоа, реков, во некои од предметите коишто ќе ги обелодениме, одредени групи, политички, граѓански и сл. имаат различни очекувања од тоа што е вистината. Но вистината ние ќе ја обелодениме, вака автентично, со разговори од почеток до крај. За било што, без разлика дали се работи за случаи коишто тангираат албански политичари, македонски политичари, нешто е поврзано со Албанците, со Македонците, Турците, Ромите, Власите, без разлика за кој.
За второто прашање, ние сме еден дел од нашето население, преточено во опозиција што ја води оваа борба и битка за враќање на слободата и демократијата. Секој е добредојден да ни се приклучи. И сега е моментот да ни се приклучи. Кога ќе биде јасно дека заминува Груевски после борци ќе се јават многу. Добредојден е секој, и политичар, и граѓанин, и неопределен да се приклучи. Гледате дека го водиме целото ова на многу внимателен начин. Нашата цел е Македонија да излезе како победник од оваа ситуација. Да не се повтори ова што досега се случувало во државата. Но, да биде и ветар во грб, идните политичари на крај памет да не им дојде да помислат на вакви работи. Не само за прислушувањето туку и за суштините на овие разговори, криминалните и незаконските дејствија што ги покажуваат на јавноста, да не ги повторат идни донесувачи на одлуки во Република Македонија. Истовремено да даде шанса за нова иднина, подеднакво, на сите граѓани во оваа наша мала но многу перспективна земја.
П4: Господине Заев и вие велите дека нема да дозволите дестабилизација и Груевски вели дека нема да дозволи дестабилизација. Што значи тоа? Можеме да бидеме сигурни дека нема да има дестабилизација?
Тоа најверојатно значи тоа. Се надевам дека сите политички чинители, Заев, опозицијата, власта, се конечни во намерата да не дозволиме дестабилизација. Груевски со овие закани коишто ги наметнува, она што го прави во моментов за да ја спаси својата сопствена кожа, ја испраќа пораката на дестабилизација. Свесен или не, еве јавноста нека коментира. Ние се бориме со зборот и со овие докази. Тој се бори со сите институции и инструменти што му стојат на располагање и се заканува кон семејства коишто не се од политичката врхушка на опозицијата, директно закани испраќа. Една работа. И да сака Груевски, вака потсвесно, дестабилизација, повеќе тоа нема да му успее. Затоа што како никогаш порано етничките заедници се здружени во единствената цел да ја вратат слободата и демократијата. Тоа не зависи повеќе ниту само единствено од Никола Груевски. Но, секако не постои цена за слободата и демократијата и нивното враќање, така и за стабилноста на нашата земја. Мораме да бидеме сите внимателни на нивото на коешто сме. Граѓаните го очекуваат тоа од сите нас, без разлика дали сме политичари, новинари, здружение на граѓани, дали водиме или сме граѓани.
